Бројот на работниците во индустријата во јуни 2018 година, во однос на јуни 2017 година, се зголемил за 7,3 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во секторот „рударство и вадење на камен“, за една година бројот на работници бележи раст од 2,1 отсто, додека во секторот „преработувачка индустрија“ раст од 8,1 отсто. Во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ бројот на работници се намалил за 0,2 отсто.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јуни 2018 година, во однос на јуни
2017 година, бележи пораст кај „интермедијарни производи, освен енергија“ за 13,7 отсто, „капитални производи“ за
22,5 отсто и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 1,4 отсто. Опаѓање е забележано во „енергија“ за 0,7 отсто и кај “трајни производи за широка потрошувачка“ за 1,3 отсто.
Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – јуни 2018 година, во однос на периодот
јануари – јуни 2017 година, изнесува 107.5.