Не се битни компаниите кои се во моја сопственост, туку е битна економијата во целотст, изајви вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, како одговор на прашање на денешната прес конференција дали неговите компании ќе учествуваат на тендери и ќе аплизираат за грантови од Владата во иднина.
– Нема никаков конфликт на интереси и заобиколување на законите. Престана делењето пари зад затвори врати и класифицирани договори. Компаниите кои ги задоволуваат законските критериуми имаат право да аплицираат. Сепак овие компании се повлекоа не поради конфликт на интереси туку затоа што сензитивноста кај јавноста е голема после подолг период. Не се битни тие две компании, ако се проблем нема да аплицираат. Треба да гледаме што е добро за целата економија. Бројките покажуваат дека целата економија се раздвижува – рече Анѓушев.