Цели 30 години Колин Стир од Плимут го копа древниот бунар од 16 век што го открил под својата куќа, надевајќи се да дека на дното ќе најде закопано богатство.
Стир (67) со сопругата и децата пред 30 години се вселил во куќата, инаку со потекло од Викторијанското доба во 19 век. Тие веднаш забележале необична нерамнина на подот во дневната. Една ноќ, домаќинот во куќата сонувал богатство, па тоа го натерало да почне да копа.
Се испоставило дека под нерамниот под се наоѓа стар затрупан бунар, за којшто историски податоци говорат дека е изграден во 16 век, јавува „Дејли Меил“.
Стир во дупката вградил светло и ја осигурал со поклопец. Меѓутоа, потрагата по богатство сопрела кога „авантуристот“ наишол на подземни води. Сепак, тој и натаму има намера да продолжи со потрагата, се дури не стигне до дното.
blob:https://www.plymouthherald.co.uk/fd130382-9f17-405f-9481-d1b80dffd7c8