Опозицискиот лидер Чамиса прогласи победа на изборите во Зимбабве

Опозицискиот лидер Нелсон Чамиса прогласи победа на изборите што вчера се одржаа во Зимбабве.

82

Опозицискиот лидер Нелсон Чамиса прогласи победа на изборите што вчера се одржаа во Зимбабве.

Преку социјалната мрежа Твитер, Чамиса информира дека неговата партија имала „многу добар резултат“ и дека сега очекува од Државната изборна комисија да го потврди тоа.

Чамиса е противкандидат за претседателската функција на актуелниот претседателот на Зимбабве, Емерсон Мнангагва, на првите избори што се одржаа по минатогодишната смена од власт на долгогодишниот шеф на оваа сиромашната африканска држава Роберт Мугабе.

Мугабе се огласи на еден ден пред изборите и му изрази поддршка на Чамиса, осудувајќи го однесувањето на Мнангагва, кој го предводеше тивкиот државен удар против него.

Пред изборите, се очекуваше дека Мнангагва лесно ќе победи на изборите, но иако повеќето набљудувачи велат дека се уште е рано да се шпекулира за исходот, се претпоставува дека резултатите ќе бидат прилично изденачени.

Ако ниту еден кандидат не освои повеќе од половина од гласовите, ќе се организира втор круг на претседателските избори.

Паралелно со претседателските избори се гласаше и за нов состав на Парламентот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...