ПЗУ „Срце“ ги претставува своите најдобри интернисти и нутриционисти собрани на едно место под водство на д-р Горан Николов, интернист кардиолог, а негов потпорен столб и човек во кого има бескрајна доверба, е д-р Маја Врчаковска, специјалист-интернист, која повеќе од 6 години е дел од стручниот интернистички тим на ПЗУ „Срце“.
Д-р Маја Врчаковска ужива во својата работа и пријатната работна атмосфера во ПЗУ „Срце“, ја сака и почитува медицината и вели дека доколку повторно би се родила би ја избрала истата професија. Стручноста, довербата и грижата за човечкиот живот се и нејзин заштитен знак, па затоа со право претставува десна рака на д-р Горан Николов.
Милозливоста, топлата насмевка и способноста да се разбере секоја грижа и проблем кај нејзините пациенти се само неколку од „супер моќите“ на д-р Маја Врчаковска. Покрај стручноста и професионалниот однос, една од највпечатливите работи за неа е токму човечноста, изразената грижа за целокупното здравје на човекот (физичкото, менталното и емоционалното тело). Со трпеливост и правилен избор на зборови, таа успева секому да му ги појасни и најкомплексните медицински состојби.
Во приватниот живот Маја е посветена на семејството, а за синчето Давид вели дека ја одржува во форма. И покрај многубројните семејни обврски, смета дека со добра организација и дисциплина има време за сè. Посветена е на кариерата, а времето за себе, најчесто во вечерните часови, го користи за доедукација. Сака да патува и да истражува нови места, а преку културата, архитектурата, филмската уметност, литературата, кулинарството и модата, најдобро се инспирира и го спознава „духот на местото и народот“.
Себеси се доживува како прагматична, упорна (понекогаш тврдоглава), естет со истенчен вкус кон високата мода, филмоман, страстен вљубеник во литературата, голем гурман кој покрај уживањето во вкусовите внимава на своето здравје и става, па во летниот период често вози велосипед, а зиме практикува скијање.
Нејзино мото и водилка во животот е „однесувај се кон луѓето онака како што сакаш да се однесуваат кон тебе“, а на сите ни порачува „ти си тоа што јадеш“.
Моментално е на дополнителна доедукација – супспецијализација по кардиологија. Почнала како волонтер на одделот за општа хирургија во Воената болница во Скопје , работела како доктор на медицина во Специјалната болница за кардиохирургија „Филип Втори“, а веќе шест години е во „Срце“.
Завршила студии по медицина на Тракискиот универзитет во Стара Загора, Бугарија.
Член е на Европското кардиолошко здружение, Европско здрушение за метаболна грижа на пациенти (ESPEN), како и на Македонското кардиолошко здружение и Македонското интернистичко здружениe.
(промотивен текст)