Собир во центарот на Атина за жртвите во пожарите

56

„Едно извини од нас, до сите вас таму горе“ е настанот организиран преку социјалните мрежи од поранешниот грчки кошаркар Јанис Гагалудис кој ги повикува граѓаните вечерва во 21 часот со свеќи во рацете мирно и тивко да се соберат на плоштадот Синтагма во центарот на Атина за да им оддадат почит на жртвите во катастрофалните пожари.

-Можеби никој не се извини, сметам дека нашето извини за овие дечиња, за овие луѓе што загинаа е најмалку што можеме да направиме, објави кошаркарот на неговиот Фејсбук профил и ги повика граѓаните со свеќи во раце да му се придружат.

Неговата порака и најавата за собирот, како што јави дописничката на МИА од Атина, ја објавија сите грчки медиуми.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...