Со новиот Предлог закон за акцизи, што го подготви Министерството за финансии, а кој е усогласен со директивите директивите на Европската унија се намалуваат акцизите за малите производители на алкохол и земјодлеците.
Како што соопшти Министерството за финасии, малите дестилерии ќе плаќаат 50 отсто од полната акциза по литар алкохол, а земјоделците – мали производители 8,5 отсто од полната акциза по литар алкохол. Кај големите производители на алкохол, акцизата останува иста.
„Дополнителна поволност која ја предвидува законот е тоа што отсега акцизата за тутунски производи и алкохолни пијалаци ќе се плаќа со пуштање во промет на производот. Досега акцизата се плаќаше однапред, односно со подигање на акцизните марки“, се појанува во соопштението.
Оттаму информираат и дека ќе се намали акцизата за меѓупроизводите, како на пример ликер и вермут, за околу 50 отсто.
Со новиот закон за акцизи се овозможува увоз и пуштање во промет на нови тутунски производи, кои досега граѓаните ги набавуваа од странство.
Поради следење на увозот и извозот на струјата, природниот гас, јаглен, кокс и лигнит, тие стануваат акцизно добро со овој закон, со тоа што акцизата се одредува на нула проценти.
Тоа значи дека увезувачите нема да имаат дополнителен трошок, односно нема да плаќаат акциза.