Се степале пилот и копилот, за малку ќе настрадале патниците!

378

Пилот и копилот во авиокомпанијата „Ираки ервејс“ се степале среде летот на висина од 11 километри откако го напуштиле аеродромот во Иран. Авионот во кој имало 157 патници летал за Ирак од аеродромот на североистокот на Иран.

Во еден момент ситуацијата се отргнала од контролата, па пилотот и копилотот се степале.

Поради тепачката реагирало и обезбедувањето и според сведочењето на патниците во текот на тепачката дошло и до оштетување на кокпитот.

Ирачкиот министер за сообраќај рекол дека во моментот се спроведува истрага за случувањата од авионот, а наводно според првите сознанија до кавгата дошло поради храната.

– Учесниците во тепачката поради своето однесување нема да можат да ги избегнат потешките санкции и можеби повеќе никогаш нема да летаат – рекол министерот.

„Ираки ервејс“ од 2015 година не лета над земјите на Европската Унија, бидејќи не ги исполнува безбедносните стандарди.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...