Владата дава субвенции за ХАЛАЛ сертификат

Според повикот, Министерството ќе финасира 70 отсто од докажаните трошоци направени за оваа намена, но не повеќе од 200.000 денари поединечно.

319

Министерството за економија распиша повик за субвенционирање на компании за сертифицирање на ХАЛАЛ систем.

Според повикот, Министерството ќе финасира 70 отсто од докажаните трошоци направени за оваа намена, но не повеќе од 200.000 денари поединечно.

За овој вид субвенции Министерството издвои 2.200.000 денари кои ќе бидат потрошени според правилото „прв дојден прв услужен“.

Право на учество на јавниот повик имаат сите активни фирми со седиште во земјава кои работеле најмалку шест месеци пред објавувањето на јавниот повик и ги имаат подмирено сите обврски кон државата и вработените.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...