Скијач кој исчезнал во 1954 година идентификуван со помош на Фејсбук

Француски скијач кој исчезнал во Италија пред повеќе од 60 години и чиишто остатоци беа најдени во 2005 година, конечно е идентификуван откако приказната за него беше објавена на Фејсбук.

476

Француски скијач кој исчезнал во Италија пред повеќе од 60 години и чиишто остатоци беа најдени во 2005 година, конечно е идентификуван откако приказната за него беше објавена на Фејсбук, соопшти италијанската полиција.

Телото и ски опремата се најдени во италијанскиот регион Аости, на Алпите, на 3.000 метри надморска височина. Но, истражителите не можеле да ја идентификуваат жртвата, се додека фотографиите од пронајдените предмети не беа објавени на социјалната мрежа.

Француско семејство ги виделе фотографиите, и ги препознале очилата кои му припаѓале на нивниот роднина Анри ле Ман, па со помош на дополнителни ДНК анализи, утврдено е дека тоа е тој.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...