Индустриското производство во јуни годинава, во однос на јуни лани е поголемо за 12,1 отсто. Во периодот јануари – јуни 2018, пак, во споредба со истиот период минатата година има пораст од пет отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
По сектори, индустриското производство во секторот „рударство и вадење на камен“ во јуни годинава во однос на јуни 2017-та бележи опаѓање од 4,2 отсто, во секторот „преработувачка индустрија“ има пораст од 14,1 отсто, а во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ пораст од 16,3 отсто.
Според главните индустриски групи, производството во јуни 2018 година, во однос на јуни 2017 година, бележи пораст кај „енергија“ за 12,3 отсто, „интермедијарни производи, освен енергија“ за 13,5 отсто, „капитални производи“ за 34,2 и кај „трајни производи за широка потрошувачка“ за 20,1 отсто.