Хаос во Кушадаси: Тепачка меѓу Турци и Срби, летале молотови коктели (ВИДЕО)

Караницата меѓу Турци и српски туристи што се случила минатата ноќ во познатото одморалиште во Кушадаси завршила со фрлање молотови коктели врз автобусот на српските туристи.

1739

Караницата меѓу Турци и српски туристи што се случила минатата ноќ во познатото одморалиште во Кушадаси завршила со фрлање молотови коктели врз автобусот на српските туристи, објави турскиот „Хуријет“.

Еден турски државјанин, кој бил на одмор во Кушадаси, се скарал со група српски туристи кои престојуваа во истиот хотел на 29-ти јули. Наскоро сѐ се претворило во тепачка во која и двете страни биле под дејство на алкохол, наведува весникот.

Вработените на хотелот ја сопреле тепачката, по што Турчинот отишол до најблиската бензинска пумпа, каде што направил молотов коктел од две празни шишиња пиво кои ги фрлил на автобусот на српските туристи.

Реагирала полицијата по што турскиот државјани е уапсен.

Според локалните медиуми во тепачката нема потешко повредени, а автобусот претрпел мали оштетувања.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...