Прво возење со автобус без возач во Виена

- Автобусите, во присуство на оператор, ги превезоа одушевените патници на рута од околу два километра - од станицата У-2 до Технолошкиот центар Асперн и назад, соопшти Еурокомм.

102

Во рамки на програмата „Мобилност на иднината”, поддржана од австриското Министерство за сообраќај, по тримесечни интензивни подготовки во Виена се одржа и успешно заврши првото пробно возење на два градски автобуса без возач.

– Автобусите, во присуство на оператор, ги превезоа одушевените патници на рута од околу два километра – од станицата У-2 до Технолошкиот центар Асперн и назад, соопшти Еурокомм.

Новата виенска линија без возачи првите редовни патници ќе ги има пролетта следната 2019 година. На линијата ќе има фиксни станици, а возењето ќе го надгледува обучен оператор. Возењето ќе биде бесплатно.

– Самоуправувачкиот превоз е голем тренд, којшто има потенцијал да ги промени градовите и да ги направи поодрживи. Како градско претпријатие, ќе бидеме меѓу првите во тоа, истакна директорот на Виенското градско сообраќајно претпријатие, Гинтер Стеинбауер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...