Откако Инстаграм профилите на две познати личности од Бугарија беа хакирани и преземени, се вклучи алармот за виртуелна небезбедност кај нашиот источен сосед.
– Добив и-меил, наводно од Инстаграм, каде што пишуваше дека треба да си го верификувам профилот. Го прегледав внимателно и, за жал, клинкнав за да продолжам натаму. Тоа беше доволно за да добијам известување дека самиот и-меил и шифра ми се сменети, односно дека профилот е хакиран, изјави за бугарските медиуми манекенката Билјана Јотовска, последната жртва на хакерите.
Истрагата за крадењето на профилот се уште е во тек, но информациите говорат дека зад нападот стои организирана група од Турција.
– Основна причина била – парите. Ваквите профили чинат многу на црниот пазар, јас имам илјадници следачи на социјалните мрежи – додава моделот.
Ален Попович од Бугарската асоцијација за дигитални комуникации посочува дека и многу други познати личности во земјата имаат слични проблеми.
ФОТО: EPA-EFE/GLENN HUNT