Брод со осомничени „ѓуленисти“ потонал кај Лезбос

190

Шест лица, од кои три деца, загинале кога брод со мигранти што се упатил од Турција потонал кај грчкиот остров Лезбос. Девет лица биле спасени од бродот кој испловил од близината на турскиот град Ајвалик, а по еден се трага.

Повикувајќи се на локален функционер, турската новинска агенција Анадолија јави дека групата што била на бродот била поврзана со движењето на Фетула Ѓулен, организаторот на неуспешниот државен удар во Турција во 2016 година. Десетици илјади „ѓуленисти“ се уапсени во Турција или избркани од работа, а во тек е меѓународна кампања за апсење на поистакнатите претствници на неговата мрежа образовни центри низ светот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...