Во Германија почнаа кампања за поддршка на фудбалерот Озил

Али Чан (24), турско-германски писател, ја отпочна кампањата #metwo на Фејсбук, преку која ги повикува Германците да ги споделат своите искуства и да бидат инспирирани од Озил.

223

По повлекувањето на Месут Озил од германската фудбалска репрезентација, голем број млади Германци од имигрантско потекло почнаа на социјалните мрежи да истакнуваат примери на дискриминација со кои се соочиле. Озил беше критикуван затоа што се фотографираше со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, по што се повлече од фудбалската репрезентација велејќи дека „кога победуваме, сите сме Германци, а кога губиме, ме викаат Турчин“.

Али Чан (24), турско-германски писател, ја отпочна кампањата #metwo на Фејсбук, преку која ги повикува Германците да ги споделат своите искуства и да бидат инспирирани од Озил. Името на кампањата алудира на хештегот #metoo, со кој жени во САД ги споделуваа своите искуства на сексуално малтретирање.

– Не очекував дека ќе има толку силен одзив- изјави Чан за коментарите што ги доби.

– Еден месец откако пристигнав во Германија на англиски побарав во Шпаркасе банка во Магдебург да ми биде дадена кредитна картичка. Службеничката ме одби и ми побара да и се обраќам на германски бидејќи ова било Германија, напиша еден коментатор. „Бидејќи не изгледам како имигрант, секојдневно можам да слушнам како Германците пред мене зборуваат за мигрантите, како ги навредуваат или понижуваат, честопати за шега“, додаде друг.

И министерот за надворешни работи Хаико Мас, од германската социјал-демократската партија СПД, се приклучи на кампањата, велејќи дека земјата мора да разбере дека несоодветните коментари кон мигрантите или гестикулациите при средба во воз честопати ги навредуваат имигрантите повеќе отколку јавно демонстрирање со избричени глави.

Се проценува дека 22 проценти од германското население имаат имигрантско потекло

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...