Бугарската социјалистичка партија (БСП) денеска организираше собир на планината Бузлуџа, од каде побара да се стави крај на сиромаштија и корупцијата. Собирот се организираше на местото каде што во 1891 година била формирана бугарската Комунистичка партија.
– Време е не само да кажеме „оставка“ туку и предвремени избори – изјави Сергеј Станишев, лидер на пан-европската Социјалистичка партија и поранешен водач на бугарските социјалисти.
Претседателката на БСП Корнелија Нинова забележува на сиромаштијата во Бугарија.
-Не се живее со 200 лева – рече Нинова.
Редовните избори се закажани за 2021 година, но БСП се надева да капитализира на намалувањето на популарноста на партијата ГЕРБ на Бојко Борисов, што се виде и при социјалистичката победа на претседателските избори, на кои беше избран генералот Румен Радев. Организаторите велат дека над 70.000 луѓе дошле на нивниот собир, на кој се протестираше и против драстичниот пад на населението на Бугарија, односно исселувањето од земјата.
На митингот организиран во близина на запуштениот монументален споменик на бугарскиот комунизам настапи и српскиот музичар Горан Бреговиќ, а присуствуваа и социјалисти од регионот.