Пријанка Чопра и Ник Џонас се вериле пред една недела, тврди „Пипл“. Дваесет и пет годишниот пејач и предложил брак за време на нејзиниот роденден.
Кога тоа се случило, Ник и Пријанка, кои излегуваат два месеца, биле во Лондон. Џонас подготвил прстен, набавен од „Тифанис“ во Њујорк, објави извор на весникот.
– Тие се толку среќни – изјавил близок на двојката.
Џонас и Чопра се уште не ја потврдија веста.
– Моето семејство и неговите пријатели никогаш не го виделе толку среќен. Многу се среќни за него. Тој навистина има сериозни намери кон неа- додаде тој.
Режисерот на индискиот филм „Bharat“ – Али Абас Зафар на Твитер сподели дека актерката веќе нема да биде дел од неговиот проект. Со игра на зборови, тој го споменува името на Ник и додава дека сите се многу среќни за неа, а неговиот тим и посакува многу љубов и среќа.
Веста за веридбата доаѓа два месеца откако Џонас и Чопра почнаа да се забавуваат. Во текот на изминатите неколку недели, 25-годишниот пејач и 36-годишната актерка неколку пати беа снимени од страна на папараци, а Пријанка го однесе Ник и кај својата мајка во Индија