Тајфунот Џондари доаѓа во Јапонија

Тропската бура се очекува да достигне голем замав вечерва, а најмногу да ги погоди областите покрај Токио и големите градови Нагоја и Осака во централниот и западниот дел од главниот јапонски остров Хоншу.

77

Во Јапонија 52 лета се откажани поради приближувањето на тајфунот Џондари, јави јапонската телевизија.

Тропската бура се очекува да достигне голем замав вечерва, а најмногу да ги погоди областите покрај Токио и големите градови Нагоја и Осака во централниот и западниот дел од главниот јапонски остров Хоншу. Откажани се и бродови долж североисточниот брег на Јапонија и Токискиот залив.

Поради тајфунот кој се приближува до неколку области на Токио, Тиба и Канагава се предупредени за можна евакуација.

Според јапонската метеоролошка служба, брзината на ветерот во епицентарот на тропската бура е 40 метри во секунда.

На почетокот на месецот во Јапонија имаше поројни дождови поради тајфунот Прапирун, што предизвика свлечишта и поплави. Како резултат на тоа, повеќе од 225 лица загинаа, а штетата изнесуваше повеќе од 76,7 милијарди јени (околу 660 милиони долари)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...