25 уметници ќе донираат дела за Грција

416

Дваесет и пет уметници досега потврдиле дека ќе учествуваат на иницијативата на Зоран Кардула за донирање уметнички дела во знак на солидарност со грчкиот народ, кој деновиве се соочува со ужасот од пожарите кои однесоа околу 100 животи.

„Се надевам дека ќе собереме одлична колекција со која ќе ја покажеме нашата солидарност со грчкиот народ кој во овој момент се соочува со огромна трагедија. Да не заборавиме дека грчките уметници истото го сторија и за Скопје после катастрофалниот земјотрес 1963 година“, напиша Кардула во неговиот повик.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...