Диет кола и Кока-Кола зиро го вивнаа профитот на „Кока-Кола“

Продажбата на овошни сокови е намалена, главно поради намалувањето на амбалажата и на продажниот приоритет на брендовите со пониска маржа на продажба.

397

Компанијата „Кока-Kола“ соопшти дека остварила голема добивка благодарение на зголемената побарувачка на пијалоците Диет кола (Diet Cola) и Кока кола без шеќер (Coca-Cola Zero Sugar).

„Кока-Кола“, која ги произведува и соковите Спрајт и Фанта и водата Пауереид (Powerade), заработи над две милијарди долари или 54 центи по акција, за три месеци, заклучно со 29 јуни.

Минатата година, компанијата заработи 1,37 милијарди долари или 32 цента по акција. Не сметајќи ги еднократните добивки и загуби, заработката изнесуваше 61 цент за една акција, што е за еден процент повеќе од предвидувањата.

Продажбата на газирани пијалоци во Северна Америка се зголеми за еден процент, благодарение на Кока-Кола без шеќер и на водата и спортските пијалoци за пет отсто, како резултат на порастот на продажбата на Powerade.

Продажбата на овошни сокови е намалена, главно поради намалувањето на амбалажата и на продажниот приоритет на брендовите со пониска маржа на продажба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...