Меланија Трамп во сив фустан тргна на патување во Нешвил, Тенеси, за да ја промовира својата кампања „Биди најдобар“ (Be Best).
Додека се качувала во воениот авион во базата во Мериленд, фустанот летнал нагоре поради ветрот, а многумина ова ги потсетило на сцената кога на Мерлин Монро ѝ се крева фустанот во филмот „Седум години верност“.
Фотографите веднаш поитале да го уловат овој момент, односно што носи Меланија под фустанот.
Првата дама за време на посетата во Тенеси ја посети и детската болница, каде поголемиот дел од времето го помина во дружење со малите дечиња.