Caffe di Artisan, компанија која ја имплементира најголемата иновација во индустријата за кафе – производство на течно кафе во капсули со патентиран метод на изработка, ќе отвори фабрика во Куманово.
Со вкупно планирана инвестиција од 3 милиони евра, компанијата проектот ќе го реализира во три фази и фабриката ќе вработи околу 100 лица до крајот на третата фаза.
– Истражувавме неколку дестинации за инвестирање во регионот, но ја избравме Македонија како најдобра локација за нашето производство, првенствено поради високото квалификуваната работна сила, одличното познавање на англискиот јазик, како и одличните услови за започнување и водење бизнис – изјави сопственикот на компанијата, Шанкар Шарма.
Компанијата започнала со работа во 2016 година со отварање на првата фабрика во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, а подоцна во 2017 ги лансирале своите производи во Велика Британија и во САД во 2018 година.
Производите на компанијата се продаваат во САД, Европа, Среден Исток и Јужна Азија.