Шумскиот пожар во близина на селото Фихтенвалде, околу 35 километри од Берлин, во моментов е под контрола, но ситуацијата и понатаму е несигурна поради неексплодираната муниција од Втората светска војна, соопштија властите.
Пожарникарите имаат потешкотии да влезат во боровата шума во близина на селото бидејќи постојат индиции дека е можно дел од муницијата веќе да експлодирала од огнот и дека безбедноста на пожарникарите може да биде загрозена, јавуваат медиумите.
Како и поголемиот дел од Европа, областа околу Берлин во последните неколку месеци е погодена од невообичаено топло и суво време, па властите предупредија дека ризикот од пожари е многу висок.