Анѓушев: Не размислувам на тој начин – која фирма е македонска, која е албанска…

Пратеникот Сурија Рашиди на седницата на Собранието за пратенички прашања праша зошто мал број фирми на Албанци добиле грант од Фондот за иновации.

490

Критериумите за добивање на грантовите се еднакви за сите компании. Грантови од повикот на Фондот за иновации и технолошки развој добиле две или три компании чии сопственици се Албанци од вкупно десет што аплицирале, рече вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев во одговорот на прашањето на пратеникот Сурија Рашиди зошто е мал бројот на компании на Албанци кои добиле грант од последниот повик?

Вицепремиерот појасни дека процесот за аплицирање бил транспарентен, условите на јавниот повик се преземени од претходни јавни повици, во согласност со процедурите на Светска банка, а сите компании имале доволно време да достават проекти за добивање на државна помош.

– Тое не отстапува од бројот или од процентот колку што добиле и сите останатите. Требало да аплицираат повеќе и веројатно и ќе добиеле повеќе. Ни на крај не ми паднало ниту имам намера да размислувам на тој начин – која фирма е македонска, која е албанска… Во моето работење има само еден пристап – дали знае или не знае да работи – рече Анѓушев.

Тој додаде дека на повикот се пријавиле над 300 компании од кои грантови добиле 79 по две селекции од експерти и дека за изборот не одлучлувала ниту некоја институција, ниту Кабинет, ниту министер.

Анѓушев информираше и дека средствата од грантови ИПА-програмата за конкурентност за следните четири години ќе бидат главно насочени за мали и средни компании, а за да има рамномерен регионален развој тие ќе бидат само за трите економски најнеразвиени подрачја – полошкиот, североисточниот и југозападниот регион.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...