Пред неколку месеци медиумите ширум светот ги преплавија фотографии од „иранската Анџелина Џоли“, односно 20-годишната Сахар Табар од Техеран.
Девојката тогаш го убеди светот дека се подложила на операции за да и биде што послична на холивудската актерка, а се спомнуваа дури 50 естетски зафати.
Подоцна ја призна вистината. Иако го оперирала носот, ставила филери во устата и отишла на липосукција, нејзиниот изглед на зомби, сепак, е резултат на Фотошоп и шминка.
Неодамна одлучила да ја сврти плочата, па објавила две фотографии на кои речиси и нема шминка, а устата и е многу помала. Кога не ја имитира Анџелина, Сахар има големи кафеави очи, благо напрчен нос и многу помала уста.
Во разговорот лани за руски „Спутник“ признала дека одела кај пластичен хирург, но демантирала дека станува збор за 50 операции.
– Дури и не сакам да наликувам на Анџелина, а освен тоа не сакав да наликувам ниту на Мртвата невеста – рекла таа. Сахар додала дека нејзиното користење Фотошоп на фотографиите е „начин на кој се изразувам, мојата уметност“.
Фото: Инстаграм