Поради границата на дури три држави, постои мал дел од земјата во националниот парк Јелоустоун, каде што, технички, законите не се применуваат, пишува „Indy100“.
Оваа локација, која е именувана како „Зона на смртта“, прв пат ѝ привлече внимание на јавноста во 2005-та година, благодарение на професорот Брајан Калт, од Државниот универзитет – Мичиген.
Во есејот, под наслов „Совршено злодело“, Брајан истакнал дека иако повеќето паркови ја вклучуваат државата Вајоминг, мал дел се протега преку градовите Монтана и Ајдахо.
Меѓутоа, конгресот сметал дека паркот е под контрола на Вајоминг, што би било разумно, но всушност поради тоа се појавуваат одредени проблеми.
Поради споменатото мало подрачје на Јелоустоун, што се наоѓа во Ајдахо, може да биде извршено злодело на оваа локација, кој што е невозможно да се суди.
Причината е тоа што според шестиот амандман, обвинетиот има право на судење од поротата на државата и областа во која е сторено кривичното дело.
Збунети сте? И ние. Во видеото што следи можете да ја погледнете мапата на Јелоустоун и границите на сите три држави.
Доколку некој изврши злодело во тој дел на паркот во Јелоустоун, судењето мора да се одржи во Ајдахо, но поротата дефинитивно мора да биде сочинета од жители на Ајдахо и Вајоминг.
Кејт додава дека таква порота не е возможно да се формира, со оглед на тоа дека никој не живее во таа област. Во делот на Монтана, кој му припаѓа на Јелоустоун, живеат само неколку жители.
За среќа, никој досега не тестирал дали оваа празнина навистина функционира. Во заклучокот од есејот, напишал: „Судот можеби нема да се согласи со мојата теорија, но во секој случај овој есеј не е напишан за да инспирира некој да појде и да направи злодело“.
ФОТО: Јутјуб