ЕУ бара построга контрола на менталното здравје на пилотите

Европската комисија усвои нови правила за менталното здравје на пилотите, три години откако Андреас Лубиц, германски пилот, урна авион на Џерман Вингс.

97

Европската комисија усвои нови правила за менталното здравје на пилотите, три години откако Андреас Лубиц, германски пилот, урна авион на Џерман Вингс и за кого се откри дека пател од тешки психијатриски нарушувања.

Со новите европски правила, авиокомпаниите ќе морат да направат комплетна проверка на менталната состојба на пилотите и на екипажот пред да ги вработат. Новите правила предвидуваат и тестирања за психоактивни сусптанци во крвта, како алкохол, канабис, седативи, халуциногени и други состојки освен кафе и тутун.

Тестирањата ќе мора да бидат објективни, транспарентни и недискриминаторски, наведува ЕК да се прават пред вработувањето. Компаниите ќе мораат исто така да им пружаат психолошка помош на пилотите и екипажот доколку се детектираат ментални проблеми кај нив, јави дописничката на МИА од Брисел.

Одлуката за воведување нови правила топло ја поздрави авионската индустрија. Германските авио-компании веќе воведоа слични правила самоиницијативно.

Земјите членки на ЕУ и авионските компании имаат рок од две години за да ги имплементираат новите мерки.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...