Стопанската комора на Македонија следејќи ги трендовите во европските земји од една, но и потребите и барањата на нашите компании од друга страна, креираше алатка со која им помогa на бизнисите за нивен постојан раст. Тоа е возможно благодарение на одличната логистика, поврзаност но и контакти кои Стопанската комора на Македонија ги има со домашните и странски институции кои нудат информации, анализи, едукација, но и пронаоѓање партнери.
Целта на Клубот е да овозможи учење преку релаксирана, но продуктивна атмосфера, во насока на остварување раст за бизнис на компаниите кои се наши членки, но на конструктивен начин.
Клубот на менаџери претприемачи веќе трета година успешно функционира во рамките на институција која е бренд за коморско организирање во Република Македонија, и претставува можност за членување во мрежа на растечки мали и средни компании.
Членовите на Комората имаат можност да се приклучат и да споделат искуства, контакти и знаење со цел остварување на континуиран раст и поддршка на бизнисот, преку постојана едукација и контакти со фирмите и потребните институции.
Бројните едукативни програми и обуки кои се нудат на пазарот им овозможуваат на менаџерите да го поттикнат стручниот и професионалниот развој на своите вработени. Од таа причина, Клубот организира настани и нуди програми кои во крајна линија треба да придонесат за споделување знаење и искуство, со цел долгорочна поддршка на компаниите и создавање нови можности за раст и поврзување со партнери. Членовите истовремено имаат можност да следат едукативни, но и забавни настани во текот на целата година, со предвидена програма која вклучува повеќе настани месечно.
Со Годишната агенда за 2018 предвидени се 24 едукативни настани и една годишна конференција, која преставува заокружување на годишната агенда. Секој настан/обука која е дел од Годишната агенда е многу корисен за учесниците во Клубот на менаџери претприемачи, при што учесниците имаат можност да ги споделат своите искуства и знаења со реални примери од пракса кои се однесуваат на моделите на управување со резултати и квалитет во работењето, а воедно се поттикнува и размена на свежи идеи и високо ниво на комуникација.
Составен дел на годишната агенда на Клубот на менаџери претприемачи е и Тим билдингот кој се организира со единствена цел да покрај учење во опуштена и продуктивна атмосфера, учесниците имаат доволно време меѓусебно подобро да се запознаат едни со други, што секако води до поголема блискост и пријателство. Дружењетото и заедничките поминати минути во споделување на меѓусебни искуства за време на Тим билдингот дефинитивно прави сите да се опуштат и да го дадат најдоброто од себе без дополнителен притисок од околината или строго зацртани временски рокови.
Бројните едукативни програми и обуки кои се вклучени во годишната програма исто така им овозможуваат на менаџерите да го поттикнат сопствениот стручен и професионален развој, но и да обезбедат адекватна и мотивирана работна сила, иновативни производи и конкурентска предност произлегува од спремноста на менаџерот-претприемач да се носи со своите обврски и секојдневно да инвестира во својот тим.
Стопанска комора на Македонија