Измина вториот квартал од 2018 година и започна третиот квартал. Можеме да направиме еден осврт на економските статистички показатели и да ги согледаме „успесите” на економскиот тим на Владата на СДСМ, напиша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Фејсбук давајќи осврт на состојбата со државата.
„Најголем дел од економските податоци укажуваат дека економскиот раст и во вториот квартал ќе биде најверојатно повторно најнизок во Европа. Така податоците за градежниот сектор (до сега расположливи податоци има за април) упатуваат на пад од 10 отстона извршените градежни работи. Во иста насока влијае и извршувањето на капиталните расходи во буџетот за вториот квартал (38 отсто пониски во однос на истиот период од минатата година), додека повлекувања на средства по основ на кредитни линии од јавните претпријатија за инвестиции скоро воопшто и да нема (изградбата на автопатиштата сеуште е стопирана)“, пишува Мицкоски.
Тој вели дека покрај националниот срам и понижување, на Република Македонија и се случува и економско уништување.
Целата негова објава можете да ја прочитате во продолжение: