Во холот на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје е поставена изложба посветена на 55 години од катастрофалниот земјотрес.
Скопски приказни прикажани преку хронологија на фотографии и материјали на пред земјотресното централно подрачје, руини од позначајните објекти и издигањето на нов, модерен град.
Дел од материјалите се подарок од личната збирка на фотографот Александар Кондев, другите изложбени материјали се фотографии од помалку познати изданија, дигитални копии од урбанистички елаборати низ кој се прикажани предлозите на дел од архитектонската фела за обновата на Скопје што е интересен сегмент за споредба со она што подоцна било изградено.
Се на се, ретка колекција на материјали во која носталгичарите сигурно ќе уживаат.