Бектеши во петок ќе се сретне со косовскиот министер за трговија Хасани

83

По заклучоците од денешниот состанок на ЦЕФТА земјите во Белград за косовските царини, министерот за економија Крешник Бектеши најави состанок со неговиот косовски колега Хасани за петок, 27 јули.

Косовската Влада вчера донесе одлука за делумно повлекување на времената мерка, но со неа останаа опфатени доматите, пиперките, јаболката, крушите, сливите, малините и грозјето.

– Во име на досегашната успешна трговска и, воопшто, економска соработка со Република Косово се надевам дека ќе најдеме заеднички јазик со мојот косовски колега, а дека средбата ќе резултира со решение кое ќе биде од заемен интерес. Уверен сум дека имаме заедничка цел, а тоа е олеснување на трговијата на Западен Балкан, согласно правилата на ЦЕФТА Договорот и принципите на слободна трговија, вели Бектеши.

Меѓу заклучоците на денешниот состанок во Белград е и елиминирање на сите останати воведени трговски бариери од страна на земјите членки на ЦЕФТА Договорот, а беше укажано и на потребата за натамошни реформи со ЦЕФТА, со цел натамошно олеснување на трговијата за Западен Балкан за што се очекува и директна поддршка од ЕК. Поради ова, земјите се согласија да се формира оперативно тело кое ќе работи на ефикасно решавање и укинување на сите трговски бариери кои би се појавиле во регионот, до влегување во сила на дополнителниот Протокол 7 на ЦЕФТА Договорот, кој предвидува механизми за решавање на спорови

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...