Турското министерство за образование донесе одлука со која се повикува Гокан Ачиколу да се врати назад на својата работа наставник по историја. Апсудот лежи во тоа што Гокан е убиен со полициско насилство пред годинаипол, пишува „Заман“.
Овој скандал се обелодени откако министерството испратило писмо до семејството на Гокан, каде што се наведува дека се прекинува забраната за вршење на работен однос, издадена на 22.07.2016 година.
Гокхан Ачиколу работел како наставник по историја во средното техничко училиште „Атарурк“ од Истанбул. Тој е еден од илјадниците турски граѓани кои се разрешени од своите работни места по обидот за воен удар од 15. јули 2016 година. Полицијата го уапсила на 23 јули под обвинение за наводно „учество во воениот удар“ и „членство во терористичка организација“.
Гокан многу често се жалел дека е безмилосно малтретиран од страна на полицијата. Освен тоа, боледувал од шеќерна болест и многу често имал паничен напад. Надлежните упорно одбивале да му ги дадат лековите против шеќерната болест. Во два наврати паднал во кома. Но покрај се, турските полицајци не престанувале со насилството врз Гокан.
Бил Приведен откако претходно бил пријавен од анонимна личност
По тринаесет дена поминати под насилство, Гокан ѝ подлегнал на тортурата и починал. Првата помош се обидел да му ја даде приведениот поранешен претседател на судска медицина и докторите кои биле заедно со него. Сепак секој обид завршувал со неуспех. Претседателот на турската фондација за човекови права Шебнем Корур Финџанџи, подготви извештај во врска со овој случај, каде што отворено тврди дека Ачиколу починал како резултат на срцев удар предизвикан од големи малтретирања.
За смртта на Гокан семејството Ачиколу дознало од судската медицина. Но, лошиот однос кон Гокан продолжил не запрел ниту тука. Од судската медицина им рекле дека ќе им го дадат телото само доколку биде погребано во „гробиштата на предавниците“. Семејството на Гокан го одбило овој предлог и решило со свои можности да го подготви телотот и да го однесе во родното село на починатиот. Тука продолжила трагедијата на семејството, бидејќи верската заедница одбила да назначи свештеник за погребување на починатиот. Последната должност повторно му преостанала на семејството.
Извор: Заман