Се самоубила ќерката на Милиќ Вукашиновиќ: Маја се предозирала, ја нашла пријателката

Маја на 1 јуни оваа гоина исто така се обиде да изврши самоубиство кога со жилет си ги пресече вените во бањата.

3340

Маја Авдибеговиќ (35), ќерката на Милиќ Вукашиновиќ, поранешниот тапанар на „Бјело дугме“ и фронтменот на „Ватрени пољубац“, во сараевската населба Језеро синоќа околу полноќ извршила самоубиство, пишува „Курир.рс“.

Како што јавуваат босанските медиуми од извори блиски на истрагата, ќерката на „докторот“ за рокенрол, мртва ја пронашла нејзината другарка која веднаш повикала Итна помош и полиција, но за жал, не можеле да ја спасат Маја, пренесува „Аваз.ба“.

Според прелиминарните резултати на истрагата и по прегледот, е утврдено дека причина за смртта е најверојатно предозирање со наркотици или лекови.

Портпаролката на Министерството за внатрешни работи потврдила дека полицијата во станот на една зграда пронашла безживотно женско тело.

Инаку, Маја на 1 јуни оваа година, исто така, се обиде да изврши самоубиство кога со жилет си ги пресече вените во бањата.

Тогаш била спасена со правовремена реакција на екипата на Итната помош иако била мошне искрвавена и префрлена на Психијатриската клиника, каде што била подложена на одредени третмани.

Популарниот музичар и неговата ќерка, судејќи според нејзините медиумски истапи по обидот за самоубиство во јуни, не биле во добри односи. Маја пред овој, два пати кренала рака на себе, а за својата состојба го обвинувала, судејќи според нејзините медиумски изјави, таткото Милиќ, пишува „Аваз.ба“.

Познатиот рок-музичар ја добил Маја во првиот брак со сопругата Вера, а во моментот живее во Белград. Инаку, Маја долги години се борела за зависноста од наркотици.

Милиќ Вукашиновиќ, како што дознава „Курир.рс“, синоќа со сопругата Сузана се вратил од Сараево.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...