„Исламска држава“ соопшти дека убиецот од Торонто е нејзин војник

„Исламска држава“ презеде одговорност за нападот во Торонто, во кој загинаа две лица, а 13 беа повредени, јави агенцијата на групата АМАК.

91

„Исламска држава“ презеде одговорност за нападот во Торонто, во кој загинаа две лица, а 13 беа повредени, јави агенцијата на групата АМАК.

– Напаѓачот беше војник на „Исламска држава“ и го изврши нападот како одговор на повиците за цели да се избираат граѓани на земји од коалицијата, соопшти „Исламска држава“ без да даде повеќе детали или докази за своите тврдења.

Полицијата во Торонто вчера го објави името на напаѓачот кој во неделата, пукајќи во ресторани и кафулиња, уби 10-годишно девојче и 18-годишна девојка, и рани уште 13 лица.

Станува збор за 29-годишниот Фаисал Хусеин.

Членовите на неговото семејство рекле дека тој бил ментално болен и оти се „борел со психоза и депресија цел живот“.

Хусеин беше убиен за време на нападот во престрелка со полицијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...