Почина Серџо Маркионе поранешeн шеф на Фиат Крајслер

Тој дојде во Фиат во 2004 година и го водеше спојувањето на со тогаш банкротираниот американски Крајслер. Од тие две компании изгради седми најголем произведувач на автомобили во светот.

132

Поранешниот шеф на Фијат Крајслер Серџо Маркионе почина денеска, на возраст од 66 години, соопшти компанијата Фиат.

„За жал, Серџо Маркионе, човек и пријател, почина“, соопшти директорот на Ферари Џон Елкан.

Компанијата на семејството Анџели, која го основаше Фиат, ја потврди смртта на Маркионе.

Тој дојде во Фиат во 2004 година и го водеше спојувањето на со тогаш банкротираниот американски Крајслер. Од тие две компании изгради седми најголем произведувач на автомобили во светот.

Маркионе пред три седмици го оперираше рамото во Швајцарија. Фиат Крајслер во саботата соопшти дека поради лошото здравје, Маркионе нема да може да се врати на работа и оти му е пронајдена замена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...