Концепт на исхрана против рак

Не постои универзална диета за карцином, туку таа се прилагодува за секој пациент посебно.

906

Многу добри алтернативни третмани не можат да имаат целосен ефект ако со нив не оди и адекватна исхрана. Лекувањето од рак не може да се одвива, а истовремено да се продолжи со вообичаен начин на исхрана и воопшто, на живот, затоа што тоа би било исто како да го гасите огнот со едната рака, а со другата да долевате масло. Таквиот „пожарникар“ на крајот би паднал изнемоштен, а огнот бо надвладеал. Тоа се случува и со нашиот имунитет.

Не можеме да се лекуваме од рак или било која друга болест, а да продолжиме во организмот да внесуваме премногу кофеин, никотин, конзервирана и рафинирана храна – бел шеќер и брашно, преработени масла и брза храна. Но, исто така, не можеме да минуваме скапоцено време предолго пред ТВ или компјутер во затворен простор без Сонце и циркулација на свеж воздух. Тоа не е препорачливо за здрава, а не пак за болна личност. Заради тоа, покрај одбраниот третман за лекување, треба да ги менуваме и животните навики за да оздравиме навистина.

Антиканцерогени нутриенти

Кај карциномот се третира целиот метаболички процес и важно е она што го консумираме, но и она што не смееме да го консумираме. Карциномот е болест која е последица на хронично пореметен метаболизам, па може да се лекува само со храна доколку таа делува такашто ги уништува канцерогените клетки и ги запира канцерогените процеси воедно кревајќи го имунитетот и враќајќи го метаболизмот во нормала.

Прочитајте повеќе на порталот „Арт кујна“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...