Унгарија на Црна Гора ѝ донираше бодликава жица

Црна Гора од Унгарија доби бодликава жица за заштита на границата со Албанија од илегални имигранти, соопшти синоќа црногорскиот премиер Душко Марковиќ, по средбата со неговиот унгарски колега Виктор Орбан во Подгорица.

59

Црна Гора од Унгарија доби бодликава жица за заштита на границата со Албанија од илегални имигранти, соопшти синоќа црногорскиот премиер Душко Марковиќ, по средбата со неговиот унгарски колега Виктор Орбан во Подгорица.

Марковиќ рече дека Црна Гора е подготвена за одбрана на границата од евентуално зголемување на приливот на мигранти, истакнувајќи дека се уште нема основа за поставување на жица на границата со Албанија.

Тој потсети дека Црна Гора во 2015 година направи план за одговор на мигрантската криза.

Црногорскиот премиер додаде дека Владата е благодарна за донација на Унгарија во вид на спирална жица, доволна за покривање на 25 километри од границата.

Виктор Орбан оцени дека балканската бегалска рута треба да остане затворени и вети дека ќе и помогне на Црна Гора во справувањето со проблемот со нелегалната миграција.

– Кога Црна Гора ги брани своите граници, ја брани Унгарија и целата Европска Унија, рече Орбан.

Според него, Европа се уште прави сериозни грешки и не сака да се сфати дека е потребно воздржување од потези кои во Африка или на Блискиот Исток може да се толкуваат како „повик”.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...