Податок за Гинис: Инфлација од милион отсто годинава во Венецуела

Кризата во Венецуела може да се спореди со онаа во Германија од 1923 година или во Зимбабве од крајот на 2008 година, изјави Алехандро Вернер од ММФ.

201

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) проценува дека до крајот на годината во Венецуела инфлацијата ќе достигне милион отсто.

Властите во Каракас продолжуваат да печатат пари за да го покријат буџетскиот дефицит.

– Кризата во Венецуела може да се спореди со онаа во Германија од 1923 година или во Зимбабве од крајот на 2008 година – изјави Алехандро Вернер од ММФ.

Вернер најавува дека во 2018 година економијата на Венецуела ќе регистрира пад од 18 отсто, првенствено како резултат на намаленото производтсво на нафта. Според него, падот на економските активности, хипер-инфлацијата и недостигот на храна по субвенционирани цени ќе предизвикаа силна миграција, и тоа може да значи прелевање на кризата во соседни држави. с

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...