Том Круз одбива да ја види ќерката Сури

1287

Филмската ѕвезда Том Круз со години одбива да ја види својата 11-годишна ќерка Сури. Кога кон крајот на август 2012 беше завршен бракот на Том и Кејти, тогаш 6-годишна Сури живееше со мајка си. На Том никогаш не му било забрането да ја гледа ќерка си, но тој одлучил дека нема време за единственото биолошки дете. Не се знае ни дали актерот дава пари за алиментација за Сури или не.

Со поранешната сопруга Никол Кидман, Круз има две посвоени деца, 25-годишната Изабела и 2 години помладиот син Конор.

Инаку, Кејти не е член на Сајентолошката црква, па многумина сметаат дека тоа воопшто не му се допаѓало на врховниот водач на оваа заедница и дека тоа е главната причина што Том Круз неколку години не одбива да ја види својата ќерка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...