Во Мексико годинава над 11.000 убиства поврзани со дрога

Од јануари до крајот на јуни 2018 година, според податоците од Министерството за внатрешни работи, биле извршени вкупно 15.973 убиства со предумисла.

80

Во првите шест месеци од 2018 година, во Мексико беа пријавени над 11.000 убиства поврзани со дрога, што невладина организација „Семафоро деликтиво“ го оцени како „ужасен историски рекорд“.

Од јануари до крајот на јуни 2018 година, според податоците од Министерството за внатрешни работи, биле извршени вкупно 15.973 убиства со предумисла, во споредба со 13.503 во првата половина од 2017 година.

Според организацијата „Семафоро деликтиво“, која спроведува истражувања за јавната безбедност, 11.241 од овие кривични дела биле извршени од платени убијци, ангажирани од шверцери на дрога.ци.

Вчера, новинарот Рубен Пат, директор на неделникот „Плаја њуз“, беше убиен пред еден бар, на околу 60 километри од познатиот мексикански туристички град Канкун. Годинава, тој е седмиот убиен новинар во Мексико, една од најопасните земји во светот за медиумите.

ФОТО: EPA/Ulises Ruiz Basurto

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...