Словенечката полиција вчера вечер запрела комбе во кое имало 31 државјани од Пакистан, Авганистан и Индија, кои влегле преку Хрватска.
Комбето било придружувано од автомобил со австриски регистарски таблички, а двете биле управувани од хрватски и српски државјани кои ги превезувале мигрантите. Двајцата возачи се притворени, и се очекува да бидат обвинети за илегална трговија со луѓе.