„Симсонови“ се враќаат со нова 30-та сезона

112

Авторот на култната анимирана серија „Симсонови“, Мет Грејнинг, режисерот Дејвид Силвермен и сценаристот Ал Жан соопштија дека гледачите наесен може да ја очекуваат 30-та сезона.

По краткиот инсерт на кој се гледа како еден од главните ликови Хомер Симсон се обидува да ја изеде целата храна во Њу Орлеанс, креативниот тим објасни дека серијата е снимана во дигитална анимација, што им овозможило да истражат нови области при создавањето на сцените.

Авторите соопштија дека и во новата сезона ќе продолжат да ја исмеваат американската култура и општество, но воедно најавија дека во „Симсонови“ ќе гостуваат многу ѕвезди.

Првата епизода од новата сезона се очекува да биде прикажана на 30 септември

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...