Тереза Меј ќе ги води преговорите со ЕУ за Брегзит

63

Британската премиерка Тереза Меј денеска соопшти дека таа лично ќе раководи со преговорите на Лондон со Брисел за условите за истапување на Велика Британија од ЕУ.

– Исклучително значајно е Владата да се организира на најефикасен можен начин за излезот на Велика Британија од ЕУ. Јас ќе ги водам преговорите со ЕУ, а министерот за Брегзит ќе биде мој заменик, изјави Меј.

Досега шеф на британскиот преговарачки тим беше министерот за Бергзит, но со новиот концепт ова Министерство ќе биде задолжено за подготовка на земјата за напуштање на Унијата.

– Министерството за Брегзит ќе продолжи да раководи со целата подготовка на Владата за напуштање на ЕУ: внатрешно-политичката подготовка, како за сценаро со, така и за сценарио без договор, целата неопходна нормативна база и подготовката за преговорите за идните односи со ЕУ, истакна Меј.

Владата во Лондон денеска објави и политички документ за Брегзит, во кој се посочува дека Велика Британија ќе продолжи да применува некои европски закони и по истекот на преодниот период по истапувањето од Унијата.

Во документот се наведува дека Лондон сака односите меѓу Велика Британија и ЕУ да останат непроменети за време на преодниот период по Брегзит, кој е предвидено да трае до декември 2020 година. Во тој период Лондон би ја признавал надлежноста на Европскиот суд и во Велика Британија ќе важат сите европски закони.

– Како дел од напорите за постигнување глатко и организирано истапување (на Лондон од ЕУ), Велика Британија и Европската Унија се согласни во текот на преодниот период во Велика Британија да продолжат да важат постоечките механизми на ЕУ за надзор, се наведува во документот.

Новиот британски министер за Бергзит, Доминик Раб изјави дека почитувањето на законите на ЕУ во Велика Британије е неопходно за време на процесот на истапување на земјата од Унијата.

– Сметаме дека почитувањето на важноста на Законот за европските заедници од 1972 година за време на преодниот период е најефикасниот начин за обезбедување на континуитет за компаниите и приватните лица, се наведува во документот.

Со планот се предвидува по постигнувањето на договор меѓу Велика Британија и ЕУ за Брегзитот и по неговото одобрување од страна на британскиот Парламент, во земјата да започне дебата за британски закон за напуштање на Унијата. Се очекува со овој закон да се регулираат теми како правата на грѓаните, „трошоците на разводот“ и детали за преодниот период

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...