Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев доби нов член во семејството, откако вчеравечер му се роди ќерка.
Горан Пандев по третпат стана татко откако на свет сопругата Надица ја донесе ќеркичката Софија. Горан и Надица ги имаат и ќерката Ана и синот Филипо.
Оваа вест ја објави неговиот клуб Џенова, кој по пат на Твитер и му честиташе на својот фудбалер за приновата во семејството, со желби за многу среќни денови во иднина.
ФОТО: EPA/Alessandro Di Marco