Претседателот на Собранието Талат Џафери овие денови ќе биде отсутен од Парламентот поради приватни обврски, пишува „Независен.мк“.
Тој деновиве наголемо се подготвува за свадбата на неговата ќерка Бесијана. Свадбената веселба, како што потврдил Џафери за „Независен.мк“, ќе се одржува во Гостивар, каде што живее неговото семејство, а од овој крај потекнува и идниот зет на собранискиот спикер.
Џафери додал и дека уште пред два месеци ги информирал колегите во парламентот дека очекува да биде ослободен од работни обврски во овој период.