Старомодното повивање, рецепт за смирување и подобар сон на бебето

Оваа древна техника на повивање од која родителите кои пораснале со неа се згрозуваа, сега е повторно популарна кај новата генерација родители

321

Swaddling, како што ја нарекуваат оваа техника на англиски, подразбира повивање на немирните, престимулирани бебиња за да им се продолжи времето на спиење. Повивањето на бебињата во ткаенина за да им се ограничат движењата на рацете и нозете е познато од дамнина и им овозможува на бебињата да се чувствуваат мирно и безбедно како во мајчиниот стомак.

Иако многумина веруваат дека на тој начин бебето се чувствува стеснето, сепак е тоа имитирање на условите на кои бебето навикнало во матката.

Претходните две генерации родители во нашиве краишта се згрозуваа на овој начин на повивање, но очигледно сѐ, па и ова, кога доаѓа како тренд однадвор, станува тренд и кај нас.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...