МКЦ во европски проект за културно одбележување на Првата светска војна

119

МКЦ Скопје од неодамна е дел од големиот европски мултидисциплиниран проект за културно одбележување на Првата светска војна – CON-FRONT.
Проектот е поддржан од програмата Creative Europe во рамките на Европската година на културно наследство 2018.

Партнерството ќе истражува нови модели на комеморација, прибирајќи специфични стручни наоди, истовремено и од областа на современата музика и од наследството, соочувајќи го минатото со сегашноста.

– CON-FRONT има за цел да ја покрене свеста за заедничкото европско наследство од Првата светска војна преку уникатна меѓународна соработка помеѓу концертни простори и партнери од областа на наследството. Партнерството поаѓа од Белгија, кон Франција и Словенија, до Република Македонија, поврзувајќи голем дел од различните континентални воени фронтови, додека организациски партнери се МКЦ (Скопје, Македонија), Le Grand Mix (Tourcoing – Франција), 4AD (Diksmuide – Белгија) и Walk of Peace Foundation (Kobarid – Словенија).

Проектната реализација на концептот е врзана со отворен повик за локални музичари и визуелни уметници на возраст од 18 до 30 години, полупрофесионалци или професионалци, со напредно ниво на англиски јазик, отворени за работа според мултидисциплинарни и импровизациски методи, достапни за патување во периодот од октомври 2018 – октомври 2019 година во одредени временски рамки (месечни резиденцијални престои во Белгија, Франција, Словенија) како и турнеја низ споменатите партнерски земји. За возврат, учесниците ќе добијат поволен надомест за делото и настапите во живо, покриени трошоци за патување, храна и сместување како и можност за учество во проект со широк меѓународен опсег.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...