Почна поднесувањето на барања за приватизација на градежно земјиште

Барањата се поднесуваат во 34 одделенија на Управата за имотно правни работи низ Македонија.

430

Во 34 одделенија на Управата за имотно правни работи низ Македонија можат да се поднесуваат барања за приватизација на градежно земјиште. Канцелариите се отворени за прием на барањата секој работен ден, од 7.30 до 16.30 часот.

Со неодамнешните измени на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, се пролонгираше рокот за поднесување барање за приватизација на земјиштето.

Барањето се поднесува во подрачното одделение во општината каде се наоѓа земјиштето.

Во потребните документи за поднесување на барањето е доказот за идентификација на барателот, односно лицата кои се негови наследници според прописите за наследување (фотокопија од лична карта или патна исправа за физички лица), односно извод од соодветниот регистар за правни лица.

Треба да се приложи и документ за правниот основ, односно актот врз основа на кој е стекнато правото на користење на градежното земјиште на кое се однесува барањето за приватизација (закон, тапија, пресуда, договор, решение, одлука на надлежен државен орган и друго). Се доставуваат и податоци за градежното земјиште од соодветната јавна книга, како што се имотен лист од катастарот на недвижностите или поседовен лист од катастарот на земјиштето.

Во подрачното одделение се добива формулар, односно барање кое се пополнува и се предава на вработените.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...