По прекинувањето на долгата врска со возачот на Формула 1 Луис Хамилтон и лудите журки на Миконос, музичката ѕвезда Никол Шерзингер продолжува со својот одмор во монденското летувалиште Сен Тропе, но сега во друштво на бугарскиот тенисер Григор Димитров.
Годишниот одмор резервиран за заедничко уживање тие го поминуваат во лудории на јахта крај Сен Тропе.
Никол иако има 40 години, во едноделниот костим за капење покажа дека изгледа одлично, а очигледно и љубовта со помладиот 27 годишен тенисер ѝ годи, па изгледа посреќно од било кога порано.
Романтичен одмор е исполнет со летни лудории, па заљубената двојка е фатена и во неколку интересни пози.